речник контакт

За секого по нешто од 200 културни настани и 67 манифестации

Дел од содржините кои се познати од проектот Велес град на културата 2015

Петар Печков

Велешани во повеќето од преостанатите 330 денови од оваа 2015-та година ќе можат да присуствуваат на настани од културата, врвни, суб култура, фолклор, поп ѕвезди, класична музика, филм, театар, од велешки, македонски и странски изведувачи, познати и помалку афирмирани. Катица Чадиева идеен креатор и координатор на програмата ,,Велес град на културата,, ги открива деталите од манифестацијата.

Што е извесно дека велешани ќе видат на годишнава манифестација?

Познато е дека на 8-ми септември ќе гостуваат Македонската опера и балет, на 11-ти октомври е Питијадата, за 23-ти октомври е гостувањето на Танец. Месец ноември е месец на општината, кога ќе имаме театарски маратон, со учество  на сите македонски професионални театри, како и  дел од  театарите од збратимените градови, сигурни се Ужице и Сомбор. На Денот на општината 9-ти ноември ќе гостува македонската филхармонија.

Што со традиционалните манифестации, кои со години се одржуваат во Велес?

Секако дел од програмата Велес град на културата се и остануваат Рациновите средби, Фестивалот на античка драма, Ликовната колонија Папрадишки мајстори, Фолклорниот фестивал,  Вардарската регата која како новина годинава ќе биде меѓународна, Детските Рационови средби.  Тие се третина од содржините на манифестацијата. Месец март е месец на франкофонијата, кога ќе имаме повеќе содржини, сите на француски.

Каде ќе се одржат настаните, во кои простори?

За разлика од 2005-тата, сега имаме на располагање  многу повеќе адекватен простор Ликовен салон, салата Бели мугри, новата театарска зграда. Значајно е што секој месец ќе има промоција на книга, концерт и  изложба. Ќе се користат и сите спомен куќи на Рацин, Главинов, Касапови и Џинот. 

 Дали ќе има влезници за настаните или ќе се следат бесплатно?

 Мал дел од  настаните, тие кои се одржуваат во новата театарска зграда ќе бидат со влезници со симболична цена. Останатите ќе бидт бесплатни и отворени за граѓаните. 

Најавите и проекции на фиолмови, каде кога Велес нема кино?

Дел ќе бидт прикажани во новата театарска зграда дел во салата Бели мугри. Некои ќе бидат прикажани и на отворено во Амфитеатрот од Младински парк.  

 Публиката очекува дека годинава ќе може да ги види македонските и Балкански  поп ѕвезди Карлолина, Калиопи. Може ли тоа да се случи?

 И ние тоа го посакуваме. Работиме да бидат дел од програмата. Се надевам дека тоа ќе биде на отворено,за да ги видат што повеќе велешани

 Што е основната нишка во составувањето на програмата?

 Основно е да  ги афирмираме познати велешки дејци, кои заслужуваат да им оддаме почит, да ги запозанеме младите со нив, и да ги афирмираме нивните вредности. Велес е познат по тоа што во него во 18 и 19 век работеле трибуни, кои го задолжиле градот и Македонија.  Тука се првиот театарски работник Џинот, првата жена актерка Тинка Коларова, првиот библиотекар Ангелко Палашев,  големиот Балкански   градителот Андреја Дамјанов, зографот Димитрија Андонов Папардишки, првиот фотограф Хаџи Косте кој уште во 1855 година се потпишал како фотограф,  музичартиое Стефан Гајдов и Живко Фирфов. Треба ли да потсетувам на Рацин, Неделковски, Прличко, Николовски. Сите тие не обврзуваат да создадеме содржини  со кои ќе ги афирмираме.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »