Сега претпоставувам еден куп овогодишни матуранти полека-полека размислуваат каде ќе продолжат со студии. Претпоставувам ќе има интерес и за Електротехнички факултет, нормално како и секоја година: се запишуваат 500 грла, завршуваат редовно околу 100, со пролонгиран стаж уште 100, а останатите (се надевам од година во година се помалку ги има) прават бришка. Ама во склоп на факултетот функционира и Елфаско, здружение на млади електротехнички глувци со попуштени живци и енормна страст за мршник тастатури, алкохолни препарати и Џена Џејмисон. Поради списанието (се мисли поради причините кои довеле до правењето на списанието) има добар број колеги кои го продолжиле своето студирање до двоцифрена бројка години, ама сепак вреди, trust me. Глеј сеа вака, овие се првите постулати кои мора секој да ги знае пред да дојде тука: [b]Десет професорови заповеди[/b] 1. Јас сум професорот доктор твој, да немаш други професори освен мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе во кабинетот, долу во анексот и што е во пријавницата под училницата, не им приговарај и не се буни. 3. Не го изговарај напразно името на професорот твој доктор. 4. Споменувај си за денот на испитот за да го празнуваш, шест дена бубај и сврши ги сите лабораториски вежби, а седмиот ден посвети го на професорот твој доктор. 5. Почитувај го твојот асистент и твојата асистентка за да ти биде добро и да поживееш долго на факултетот. 6. Не барај вишок бодови. 7. Не прави ливчиња. 8. Не препишувај. 9. Не сведочи лажно против твојот цимер. 10. Не пожелувај туѓа скрипта за копирање. [b]Молитва за 6-ка[/b] Професоре наш, Кој си на катедрата, Да се свети името Твое, Да дојде испитот Твој, Да биде вољата Твоја, Како на писмен, така и на устен, 6-ката наша насушна дај ни ја денес И прости ни ги препишувањата наши Како што им ги проштеваме и ние На Студентски прашања, И не воведувај не во изведување. Но избави не од квадрирање. Зошто е твоја сесијата, И силата и славата на Асистентот И Лаборантот и Докторантот, Сега и секогаш и во вечни векови, АМИН Познај го и го декодирај го ОН, кој од песокот, чипови вдахнови, кој диференцира функција-зла и дисторзирачка, од функција блажена и точна до праг на толеранција, Он што од шум ќе те избави, И осцилациите немирни во зона на стабилност ќе ги сведе... Во името на Емитерот, Базата и светиот Колектор, Сега, за секогаш и во граници на стабилноста ПИНГ! [b]Задача за загревање[/b] Пресметај го синфазното отстапување од корелационата функција на аглово могулиран сигнал произведен од студент кој вришти при слободен пад на испит. Еве го и линкот: [url=etf.edu.mk]етф тачка еду тачка мк[/url]