Петар Печков
Објавено: вторник, 04 јули 2017
Никола Најдов (51 год) жител на Градско условно е осуден за сообраќајка во која учествуваа два мопеди марка ,,томос,, при што повредениот се здоби со тешки повреди.
Обвиентиот го признал делото ,,тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,, по што бил прогласен за виновен а во Основен суд Велес му беше изречена алтернативна мерка затвор од 18 месеци затвор доколку во наредните три години стори ново кривично дело и забрана за управување со моторно возило од „А“ категорија во траење од една година.
Сообраќајката се случи на 23 мај лани, година во 18 часот, кога обвинетиот, управувајќи мопед марка ,,томос автоматик,, возејќи од Старо Градско и вклучувајќи се кон регионалниот пат Велес -Градско удрил во мопед ,,томос апен,, без регистарски број управуван од оштетениот Р. С. од Градско.
По извршеното вештачење Најдов го управувал мопедот кој бил нерегистриран, без возачка дозвола, во состојба на пијанство со 2,11 алкохол промили во крвта и во таква состојба го удрил Р.С. кој бил исто на мопед, при што се здобил со тешки повреди свршеници и повреди на главата, поради кои завршил на Ургентен во Скопје. Пресудата е правосилна.
Tweet |