речник контакт

За темните улици и неосветленото Мало мовче, објаснување на градоначалникот Марко Колев

Причината за непромената на уличните светилки е изборот на фирма за ова работа. Причината за неосветленоста на Мало мовче е во кражбата на инсталацијата и искршените канделабри, објасни градоначалникот

Петар Печков

Реакциите на велешани за осветлувањето на улиците се бројни. Светилки кои се прегорени, со месеци не се заменуваат, улици во мрак а Мало мовче подолг период е без осветлување. ТрМр веќе пишуваше за овој проблем, а на последната прес конференција го праша градоначалникот Марко Колев, што се презема за да се надмине оваа состојба.

 „Пред два месеци имавме одлука за почнување на постапка за избор на фирма за промена на уличното осветлување. Имаше многу прашања за техничката спецификација, па постапката се поништи. Гледаме што е повеќе можно економски оператори, фирми, да учествуваат, да нема ограничувања,за да нема жалби и поништувања на тендерот. Следната седмица ќе се распише тендерот за промена на светилките во општината и во градот и во селата. Доколку биде тендерот успешен,за два месеци ќе почне промената на уличното осветлување. Проблемот со Мало мовче е сериозен. Таму се крадат каблите за струја, искршени се канделабрите. И јас ја сменив исталацијата, и  мојот претходник го сменил осветлувањето, и градоначалникот  пред тоа. Но очигледно е дека имаме некои сограѓани кои ја уништуваат инсталацијата. Се крадат, со секири ја сечат и ја продаваат во отпад и затоа Мало мовче не е осветлено“ – кажа Колев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »