речник контакт

За трајно решавање на проблемот со бездомните животни

Здружението,, Гласот за Животните“ заедно со сродните од земјава почнуваат со проектот „ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ“

Петар Печков

Бројот на бездомни животни постојано расте, а она што загрижува е фактот што нема надлежна служба која ќе спроведува контрола на бројката и хумана политика, за на соодветен начин, без нанесување непотребна болка на бездомните животни да се реши овој проблем, од кого се засегнати најмногу животните, но не се изоставени и граѓаните.

Граѓаните се засегнати на тој начин што се изложени на ризик кој опфаќа: пренесување болести на луѓето и другите животни, повреди и заплашување на луѓето поради евентуално агресивно однесување на кучињата и слично.

Светската здравствена организација, Светската организација за здравје на животните, Советот на Европа, но и сите светски и европски  здруженија за заштита на животни нагласуваат на потребата  за намалување на бројноста  на бездомните кучиња во населена средина.

За трајно решавање на проблемот со бездомните животни потребно е да се изменат постоечките прописи  со кои се решава овој проблем бидејќи се несоодветни и не се доволни, а обидите за контрола на популацијата често ја загрозуваат благосостојбата на животните преку тенденцијата за нивно масовно усмртување, или користење нехумани методи на убивање (труења, застрелувања, струјни удари или давење), сурови методи на заловување и несоодветни објекти за згрижување и нивно менаџирање, што е спротивно со законот за заштита и благосостојба на животните донесен на 20.09.2007.

За  таа цел здружението за заштита на животните ,,Анима Мунди” од Скопје во партнерство со  ,,Мали Херои” од Битола ,  „Анималиа“ од Охрид, „Гласот за Животните“ од Велес, и „Animal World“ од Струга, почнуваат со проектот „ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ“кој е поддржанод УСАИД и Фондација Отвореноопштество – Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »