Петар Печков
Објавено: петок, 18 септември 2026
Минатата година во Велес има осетено зголемување на бројот на туристи кои престојвуале и преноќиле во градот. Според Државниот завод за стастистика зголемувњето во проценти е 36 или од 21.016 во 2024, бројот лани бил 28.556. Тоа се должи на зголемениот број странски туристи од 70 отсто, од 13.607 на 23.250 минатата година. Кај домашните туристи бројот е во опаѓање за 40% од 7.409 на 5.308.
Причината поради која во хотелските капацитети во Велес има повеќе туристи е што тур оператор одлучил дел од престојот на странските туристи во Македонија, еден ден да престојуваат во Велес. Просекот на престој на туристите во градот е 1,2 дена или тоа се транзитни туристи.
Ако до 2024 година во Велес преовладуваат туристите кои беа на пропатување на летување во Грција или враќање од таму, државјаните на Србија, Романија, Унгарија, Полска или Чешка, лани состојбата е сериозно променета.
Најбројни се туристите од Германија 7.757, Франција 3.155 и Велика Британија 1.456. Нивниот престој во Велес е во прсосек 1,1 ден. Србите и Романците се и натаму во голем број 3.759/1.259 посетители. Просекот на овие туристи кои патуваат за летување до Грција или се враќаат е 1,2 дена.
Најмногу денови во просек во Велес престојуваат гостите од Грција, Италија и Шпанија – ловџии, по три дена. Лани се бележи и пораст на туристи од поранешните Ју републики, Словенија, Хрватска и Црна Гора со по 1,5 дена престој во Велес. Гостите од Бугарија и САД, кои исто така се бројни, во Велес престојуваат по ден и пол во просек
Ова големо зголемување на бројот на туристи во 2025 година, не го следи и бројот на посетители на културните институции во Велес. Според податоците на Народен музеј Велес, лани имало 2.500 посетители, наспроти 2.000 во 2024 година. Од нив мината година најмногу биле во родната куќа на Кочо Солев Рацин 1.800., па во Народен музеј со 500 и Спомен Костурницзата со 300.
„Странските туристи кои престојвуаа во градот и нивното присуство беше забележливо во центрот на градот, доаѓаа после 15-16часот а заминуваа натуро во 8. Можеа да се видат како шетаат попладне и навечер низ Велес, по кафитериите, но не посетуваа ништо од градските знаменитости. Тоа се должи на тур-операторот кој не се ангажирал да обезебди посета на велешките културни институции, а иако има што да се види. Освен спомен куќите, музејот, Спомен Ккостурницата за странците не е познат манастирот Св., Димитрија и таму новооткриените фрески од 13 век, кој се неоткриено богатство“ - вели Славица Ѓеоргиевска туристички работник.
| Tweet |






