Петар Печков
Објавено: петок, 11 февруари 2022
Продолжуваат сообраќајните акции со кои во Велeс се контролира, колку пешаците ги почитуваат сообраќајните прописи. Или дали и колку минуваат на пешачки премин и на зелено на единствениот семафор во градот.
„На 10-ти февруари во периодот од 10 до 14 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа во Велес биле констатирани и санкционирани 19 прекршоци а заедно со Кавадарци и Неготино 34“- соопштија од СВР Велес.
Претходно вторникот на 8-ти февруари во периодот од 11 до 16 часот во Велес биле констатирани и санкционирани 16 прекршоци а вчера на 9-ти февруари во периодот од 15 до 20 часот биле констатирани и санкционирани 14 прекршоци.
Од СВР Велес најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Tweet |