речник контакт

За три дена во велешко регистрирани 23 случаи на лица позитивни на ковид-19

Бројот на активни случи во велешко падна на 381

Петар Печков

За три дена од Божикните празници во велешко има 23 случи на лица позитивни на ковид-19, денес петок тројца, вчера четврток еден и во средата 19 лица. Во овој период оздравени се 83 пациенти, денес петок 16, вчера четврток девет и во средата 58. Ова се податоци од Министерството за здравство. Овие денови нема починато лица позитивни на ковид-19 и останува претходната бројка од 94 лица. Бројот на активни случи во велешко е 381.


Во велешка Болница хоспитализирани се 38 пациенти на Инфективно одделение се 37 и на Интерно еден. Од нив 31 се потврдени позитивни, двајца сомнителен и  пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти. Испишани се тројца  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »