речник контакт

За три месеци ШС Бабуна издала 483 дозволи во време на забрана за движење низ шума

Целта на оваа забрана беше заштита на шумите од пожари

Петар Печков

За три месеци ЈП Македонски шуми, ПЕ Бабуна Велес, издала 483 дозволи за посета на шуми, во периодот кога имаше забрана за движење.

Во периодот од 1 јули до 30 септември, за 92 дена биле издадени овие дозволи, или 5,3 на ден. Од PЕ Бабуна потсетуваат дека  483 дозволи не значи дека толку лица посетиле, бидејќи кога минувале низ шума групно, било потребно една барање, од едно лице.

ШС Бабуна го покрива подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско и големиот планински венец  Морка планина, со Јакупица, Карaџица и Даутица. 

Целта на оваа забрана беше заштита на шумите од пожари. 
 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »