речник контакт

За три месеци забрана за движење низ шумите во Велешко, издадени 270 дозволи

Забраната беше на сила 92 дена

Петар Печков

За време на забраната за движење низ шума, за подрачјето на ШС Бабуна Велес, биле издадени 270 дозволи. Ова е информацијата добиена од подрачната единица на ЈП Македонски шуми, Велес. 

Забраната се воведе на почетокот на јули со важност до крајот на август, па беше продолжена до 30 септември.

Забраната беше воведена поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, заради вонредно високите температури во летниот период и продолжението на сушниот период.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »