Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 март 2017
Македонија пат да му плати на битолчанец паричен надомест, оти на автопат удрил во волк по што го оштетил автомобилот. Ова е пресуда на Основен суд Велес, со која ЈП Македонија пат – Скопје се задолжува да плати 63 илјади денари, надомест на материјална штета, како и законска казнена камата од 21 март 2016 година како ден на поднесување на тужбата па до исплатата.
Настанот се случил на 5-ти јануари 2016 година околу 01,05 по полноќ на автопатот Скопје –Велес , 600 м после наплатна станица Сопот, кога возачот со неговото возило марка Мерцедес Бенз удрил во волк, кој преминувал преку автопат. Од ударот возилото било штетено.
ЈП Македонија пат треба да ја плати штетата оти на критичното место немало поставена плетена жичана ограда, и неколку дена по случувањето на незгодата била поставена метална еластична заштитна ограда, пишува во пресудата .
Tweet |