Петар Печков
Објавено: петок, 28 мај 2021
За четири дена масовна вакцинација против ковид-19 во велешко, неа ја примиле 1.762 лица. Од нив „АстраЗенека“ примиле 1.005 а „Синофарм“ 757. Денес биле вакцинирани 529 граѓани, додека првиот ден 311 лица. Сите овие лица ја примија првата доза вакцина и тоа се лица над 60 годишна возраст..
„Првиот ден одѕивот беше послаб, но секогаш кога почуваме со вакцинација, постои таа тенденција. Како таа се одвива, секој ден се повеќе интересот се зголемува а граѓаните се се` повеќе заинтересирани да примат вакцина. Вчера напладне завршивме со дозите на „АстраЗенека“ кои ги имавме и од пладне продолжуваме со „Синофарм“ “ - вели д-р Марина Тодороска, координатор на пунктот за масовна вакцинација во Велес.
Тој се наоѓа во спортската сала на средното училиште Коле Неделковски -УЗУС. Пунктот работи од 8 до 16ч и продолжќува со работа од понедленик. Во овој пункт се вакцинираат жители на општините Велес, Градско, Лозово и Чашка. Истовремено продолжува ревакцинација на велешани кои веќе примиле една доза на вакцина и се на возраст над 75 години.
„Во Здравствен дом продолжува вакцинацијата со втора доза со „Синофарм“. Изминатите три дена неа ја примиле 278 граѓани. Овој пункт ќе работи и утре в сабота и понеделник. Одѕивот е одличен„ - дополни д-р Тодоровска.
Tweet |