Петар Печков
Објавено: петок, 13 август 2021
Откако Владата најави дека на одредени настани ќе може да присуствуваат само лица кои примиле најмалку една доза вакцина, се зголеми интересот за вакцинација, во Здравствен дом. Таму се аплицира и втора доза.
Таму дека доаѓаат и од селата каде претходно немаше интерес за вакцинација, како што се Долно и Горно Јаболчиште, кога при теренската вакцинација од пет илјади жители само пет лица се вакцинирале. За четири дена од неделава биле аплицирани 2,4 илјади вакцини, 1,6 илјади прва и 800 втора доза.
„Зголемен е интересот кај граѓаните, посебно за првите дози кои се даваат „Фајзер“ додека доаѓаат и повозрасна категорија, кои примаат „АстраЗенека“. Се аплицира и втора доза. За четири дена од теренската вакцинација беа дадени 330 дози, во селата од Општина Чашка“ - кажа д-р Марина Тодоровска координатор на вакцинацијата за заштита од ковид заразата.
Истовремено се одвива и теренската вакцинација , со посета на селата од Општина Чашка како и вакцинацијата по дома за лица болни, неподвижни и со попреченост. Од неделава по препораките на Министерството за здравство без термин, а со присуство на родител се вакцинираат и деца на возраст од 12 до 17 години.
Вакциналниот пункт во спортската сала во училиштето „Коле Неделковски“ ќе работи на 17-ти, 18-ти и 19-ти како и на 30-ти и 31-ви август. Тогаш ќе се дава втората доза „АстраЗенека“ на лица кои и првата доза ја примиле во истиот објект. Досега во велешко, заедно со Чашка и Градско вакцинирани се околу 27.950 лица, од нив прва доза примиле 16.250 а втора доза 11.710 .
Tweet |