Петар Печков
Објавено: сабота, 27 август 2016
Во минатото, на олимпијците заедно со медалите им беа делени букети цвеќе, но на Олимписките игри во Рио гледачите ги збуни „играчката“ кој им се дава на најдобрите спортисти.
„За што служат овие држачи за салфети кои им се даваат заедно со олимпискиот медал? Претпоставувам дека повеќето спортисти нема ни дома да ги однесат“, е еден од бројните коментари на Твитер на бунетите гледачи.
Некои пак претпоставуваат дека станува збор за држач за хартија, но всушност во прашање е дизајнерски држач за медали.
Металната конструкција дизајнирана е според 3Д скулптура на познатиот графички дизајнер Фред Гели и би требало да ја рефлектира „заразната енергија, хармоничната различност и раскошната природа“.
Извршната директорка на церемонијата на доделување награди Кристи Николај изјави дека букетите цвеќе биле отфрлени како еколошки неприфатливи.
Tweet |