Зоран Николов
Објавено: четврток, 21 јуни 2007
Ако решите да купите папагалче, сигурно ќе наидете на проблем: Нема папагал никаде по градов. Почнав да се распрашувам од каде можам да купам; патот ме однесе кај Димче Андов на Којник. Имаше и кај Ваната позади Хигиенски, ама многу помал избор и троа поскапички. Папагалите се претежно тигрици, а имаше и дијамантски гугутки и зеби. Сликите што ми одат во прилог објаснуваат многу повеќе. Папагалчињата и зебите не се затворени во кафез, туку летаат слободно во специјално приспособена просторија. Локацијата е малку е скриена, но ако сака некој да си купи птица, ќе го најде („Игманска“ бр. 8 ако не поинаку).
Tweet |