Петар Печков
Објавено: вторник, 02 декември 2014
Во Розе салата, попладнево се одржа забава, која ја организираше Организацијата на жени на Велес. Таа беше за лицата со посебности а во пресрет на 3-ти декември Светскиот ден на лицата со посебни потреби. Во салата беа 30-тина најмногу деца од Здружението на лица со церебрална парализа.
Ние како жени, подготвивме солени и слатки специјално за овие лица. Сакаме на оваа забава заеднички да се дружиме и им приредиме пријатни моменти. Ги повикавме и нивните родители за да бидеме заедно -рече Мирјана Трајковска претседател на Организацијата на жени до Велес.
На Шведската маса подготвена од велешките жени, имаше лиснато тесто, торта, ситни колачи, за секој вкус, домашни изработено. Оваа забава се одржува повеќе години по ред.
Благодариме на жените од Велес за нивното внимание. 3-ти декември треба да биде секој ден во годината а не еден. Заедно се дружиме по повод Светскиот ден на сите видови попречености. Треба да им го приближиме светот на овие лица, а попреченоста ја создаваме ние, луѓето, бариерите се во нас - рече Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа.
Tweet |