Петар Печков
Објавено: среда, 11 септември 2013
Нова понуда за забава следенети пет дена, од вечерва среда до недела. И тоа на Кале во Скопје на Пиволенд. Меѓу бројните гости се Тони Китановски, Бени Шаќири и ДКН –среда, Тамара, Некст тајм, Вера јанковиќ, Нокаут –четврток, сабота Дани и Едо мајка и в недела вечер Електрични оргазам, Јаков Дренковски, Алачки и Чалгии, Кантурови.
Сите љубители на пивото на овогодишниот фестивал ќе можат да си одберат помеѓу триесетина видови на пиво, домашни и странски, како и да уживаат во големиот избор македонска традиционална храна од десет различни ресторани. Оваа година фестивалот ќе има три бини со различен тип на музика, и тоа: главниот, ДЈ и кавер бенд .
Влезот на фестивалот, како и секоја година, е бесплатен за сите посетители. Оваа година по шести пат во Скопје ќе се одржи гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд.
Tweet |