речник контакт

Забелешки за комуналниот ред

Забелешките од граѓаните минимални, но актуелни

Петар Печков

По објавата за новиот комунален ред кој ќе се спроведува во Општина Велес, стигнаа првите реакции. Во однос на понудениот материјал тие се минимални, но вреди д се забележат.

Граѓаните реагираат на тоа што ќе бидат казнувани за пушење на улица, за смет на излетнички места а  во пракса нема  ниту пепелотресници ниту корпи. На главните градски улици нема ниту еден пеплотресник каде пушачите ќе можат да ги згаснат цигарите, да ја истресат пепелта. На излетничките места покрај езеро Младост и реката Бабуна нема корпи за отпадоци, има неколку контејнери, но корпи нема.

Реакции има и за  како се решава паркирањето на бројните автомобили кои се на продажба. Тие го заземаат и така скудниот слободен простор за паркирање, за како што се реакциите на велешани, други да печалат пари со купи продај а тоа да не биде авто пазар.

Забелешки има и за регулирањето на паркирањето на мини автобусите и автобусите. И едните и другите ги освојуваат слободните јавни површини или дел  од коловозите, простор што не е наменет за паркирање на вакви возила. Затоа се бара да се реши и овој проблем кој се провлекува подолго  време во градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »