Петар Печков
Објавено: недела, 12 април 2020
Заболениот од Итната служба телефонски се јави до ТрМр со порака до своите сограѓани, со цел да ја информира јавноста, но и да каже дека е во самоизолација веднаш по настанот. Праќа порака дека нема место за паника и страв.
Сакам да порачам дека сум во изолација веднаш по мојата интервенција на први април, кај лицето кое подоцна се констатираше дека е заболено од ковид 19. Од тој момент, од интервенцијата, до денес сум 12 дена дома, без никаков контакт со никого, ниту со мојата фамилија и со моите најблиски. Запазени се сите мерки и ги уверувам сограѓаните дека од мене не е продолжен ланецот на ширење. За сите овие денови, јас немам ниту еден симптом кој укажува дека имам ковид -19, кашлица, температура, болки во градите, малаксаност. Постапив совесно и професионално во мојот случај - кажа во телефонскиот разговор вработениот од Итната медицинска служба во Велес. Додава дека е спокоен и смирен, без паника и страв.
Освен кај ова лице, ковид -19 беше констатиран и кај уште едно лице здравствен работник, кој е вработен во Инфективното одделение при велешката Болница.
Tweet |