Петар Печков
Објавено: сабота, 24 јули 2010
Забраната ја изрече ЈП Македонски шуми ПЕ Бабуна Велес и ќе трае до крајот на септември годинава. Надлежните велат дека со ова не се попречува слободата на движење туку истото ќе се контролира, па за таа цел секој што сака да се движи низ шумскиот предел на регионот на општините Велес, Градско и Чашка ќе мора да извади дневна или дозвола за повеќе денови.
Регионот на велешко, посебно на Азот е прогласен за ризичен од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со уште други пет општини во Македонија, како региони каде најчесто човекот е предизвикувач на големи шумски пожари.
Во велешко тие се случувале во реонот на селата Стари град, Мартолци, Согле и Бистрица, каде има висока трева а тука мине железничката пруга и возот па од неговото кочење се создавале искри и избувнувале пожари.
Tweet |