речник контакт

Забранета е водата за пиење од природните чешми во градот и околните населени места

Листата кои се чешми и води се забранети за пиење, во Велес и Караслари, Црквино, Горно Оризари, Отовица, Сујаклари, Иванковци, Кумарино, Мамутчево,Чолошево

Петар Печков

Агенцијата за  храна    и ветеринарство донела решение за забрана за користење  на водата за пиење од повеќе природни чешми во градот и околината.  

Причина е што во неа имало  бактериолошка неисправност и  присуство на  бактеријата ешерихија  коли, која може да предизвика сериозни здравствени проблеми.  

Локалната власт добила известување дека сите природни чешми кои се забранети за користење дека мора јавно да ги одбележи.  За надминување на   овој проблем , селските водоводи  ќе мора да се хлорираат.  

 

Врз основа на решенијата издадени од Агенцијата за храна и ветеринарство СЕ ЗАБРАНУВА за пиење водата од следните природни чешми:

Во Велес:

Пузево трло – природна чешма

Ул. „Тодор Јанев“ на рид – природна чешма

Чука – природна чешма

Штипска пруга – природна чешма

Во населените места:

Караслари  Нова чешма 

Црквино  Природна чешма по пат 

Горно Оризари -.Сред село – природна чешма

Сујаклари  учулиште – природна чешма,локална водоводна мрежа во училиште

Иванковки Мути и Џами – природна чешма, локален водовод – водоводна мрежа во училиште

Кумарино природна чешма,Локален водовод – водоводна мрежа

Мамутчево Природна чешма на пат, локален водовод – водоводна мрежа во училиште

Чолошево .Природна чешма, локален водовод – водоводна мрежа

Отовица локален водовод – водоводна мрежа во училиште

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »