Петар Печков
Објавено: петок, 18 ноември 2022
Завршија градежните активности за изградба на нов паркинг простор на улица Љубљанска, во близина на училиштето „Блаже Конески Паркингот е ставен во употреба.
„Иако со помал капацитет, овој паркинг ќе биде со исклучително значење поради својата местоположба и честиот сообраќаен метеж кој се создава во овој дел.“ - соопштија од локалната власт.
Тој има капацитет од 15 автомобили. Изградбата чинеше 1,7 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет. Работите започна на крајот од месец август.
На оваа улица во утринските и попладневните часови, кога започнува и завршува наставата во училиштето Блаже Конески, се создава метеж од автомобили, на родители на деца ученици од училиштето кои ги оставаат или земаа од настава.
Се очекува наскоро да биде завршен и уреден паркингот кај поранешното АТД.
Tweet |