речник контакт

Завршена рехабилитацијата на делницата Голозинци- крстосница Горно Врановци

Вредноста на извршените градежни работи изнесуваше 50 милиони денари а се работеше на делница од 11 км. која е проширена од три на пет метри

Петар Печков

Завршена е рехабилитацијата на делницата од регионалниот пат  село Голозинци -крстосница за  Горно Врановци и Дреново, во Општина Чашка. Освен што се симна досегашната слој асфалт, извршено е проширување на оваа делница, која беше тесно грло и  негово асфалтирање. Вредноста на извршените градежни работи изнесуваше 50 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на ЈП ДП.

 
Кој не ги посетил населените места низ Општина Чашка не знае каква убавина дарила природата во овој крај. Приказната за овој регион продолжува со завршената рехабилитација на 11-те километри од Голозинци до крстосницата за Горно Врановци и Дреново. Покрај рехабилитацијата беше извршено и проширување на коловозот од 3 на 5 метри, односно 6 метри - објавија од ЈП за државни патишта, кое беше инвеститор на оваа активност.

Претходно минатиот месец ЈП ДП  објави дека го заврши асфалтирањето нa делницата Стари Град - крстосница Богомила во должина од 3,3 км и  асфалтирањето на делницата Оморани - Теово во должина од 2,2 км.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »