Петар Печков
Објавено: петок, 29 јуни 2018
Летово активно се работи на повеќе проекти на археолошкиот локалитет Стоби. Деветтата сезона од меѓународната летна школа за археологија во Стоби веќе започна. Проектот е во организација на НУ Стоби и Фондацијата Балканско Наследство од Бугарија. Ова е петта година на истражувања на просторот помеѓу Теодосијанската Палата и т.н. објект „Затвор“, а целта е целосно да се истражи просторот помеѓу двете градби и да се објасни нивната меѓусебна релација. Во летната школа учествуваат 16 студенти од САД и Канада, како и двајца студенти од Македонија..
Завршија археолошките истражувања на комплексот градби околу храмот на Изида во Стоби. Истражувањата се одвиваа во периодот од 10 април до 10 јуни. Проектот е целосно финансиран од годишната програма на Министерството за Култура за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2018 год. Ископувањата беа фокусирани на до истражување на три простории од т.н. „ Комплекс градби околу храмот на Изида“ како и дел од просторот јужно од храмот.
Деновиве завршија сите конзерваторски постапки на мозаикот од крштелницата, како што се детално чистење на мозаичката површина, консолидација на тесерите, инјектирање и фугирање на мозаикот. Паралелно се одвиваа и финалните конзерваторско – реставраторски работи на мермерните елементи од крштелницата а воедно беше извршена и пробна анастилоза на сите елементи пред да се вратат во оригиналната местоположба во самата крштелница.
извор: НУ Стоби
Tweet |