Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 ноември 2020
При крајот на минатиот месец заврши рехабилитацијата на делницата од регионалниот пат Стари Град- крстосница Богомила, во Општина Чашка.
Оваа активност опфаќаше отстранување на досегашниот слој и поставување на нов асфалт. Делницата е во должина од 3,3 км и во вредност од 15 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Приказната за градежните работи во Општина Чашка не завршува само со рехабилитацијата на Оморани- Теово, кој неодамна заврши. Таа продолжува по прекрасните предели кои водат кон Стари Град и Богомила. Е, токму овие патни правци кои некому живот значат беа рехабилитирани со средства на ЈПДП. Па така, комплетно е завршена рехабилитацијата на Р1312 Стари град- крстосница Богомила - соопштија од ЈПДП.
Tweet |