Петар Печков
Објавено: петок, 10 ноември 2023
Десната лента од автопатската делница Катланово – Петровец, од почетокот на месецов е пуштена за сообраќај. Таа се рехабилитираше неколку години, од Министерството за транспорт и врски велат три години, јавноста знае за пет години.
Станува збор за делница во должина до 5 км. Со завршувањето на градежните активности, таа веќе се користи, но е двонасочна, бидејќи започнаа градежни активности на левата коловозна лента. Засега нема објавено рок на изведба на оваа делница.
Од 6 ноември, од понеделникот, наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот се одвива во левата коловозна лента во двата правци.
Вкупната предвидена рехабилитирана должина во двата правци е над 10 километри, а вредноста на договорот е 391,561,373.04 денари, средства обезбедени од ЕБОР. Изведувач на работите е ,,МАКИМСАН" акционерско друштво за асфалт, изведба, градежништво, индустрија и трговија, подизведувач е ,,Стентон", а надзор Градежен Институт Македонија АД здружен со ,,Евро Конслатинг" ДОО.
Tweet |