речник контакт

Заврши рехабилитацијата на регионалниот пат Велес - Градско, во дополнително продолжениот рок

Должината на трасата која се обнови е 22 километри

Петар Печков

Заврши обновата на регионалниот пат Велес -Градско, со што е испочитуван  пролонгираниот рок кој беше  до  денес, 30 ноември. Изведувачот беше воведен во работа на 30 август лани, а рокот за изведба на градежните работи од 9 месеци истече  на  30 мај годинава, кога од ЈП Државни Патишта (ЈПДП) соопштија дека  поради непредвидени и дополнителни работи, рокот за работа е продолжен за шест месеци.  Должината на трасата која се обнови  е 22 километри, со два слоја на асфалт.

За разлика од регионалниот пат Велес - езеро Младост кој неодамна исто така  беше рехабилитиран и  не е обележан со хоризонтална сигнализација, делницата Велес - Градско  е обележана а поставена е и заштитна ограда на дел од трасата.  Тој се користи како алтернација за автопатот на релација Велес - Градско.  

Вредноста на работите е 347.356.374 денари,обезбедени со заем од ЕБОР, а изведувачи беа „ХИДРОСТРОЈ“ и „ЕСКАВАТОРИ“ МК ДООЕЛ. Инвестицијата беше на ЈП ДП.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »