Петар Печков
Објавено: сабота, 27 ноември 2010
Нејзината изградба започна во јуни 2006-тата а според претставниците на Повардарската Епархија на МПЦ би требало да биде готова во средината на 2012 година. Останаа да се изработат најзначајните елементи за еден верски објект, живописување со фрески, цртање икони за иконостасот, кој веќе две години го работи копаничарот Љубомир Бисин. Црквата е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид и има површина од 500 метри квадратни
Таа е во византиски стил, еднобродна со кршен камен и со камбанарија која е надвор од објектот, висока 25 метри чија изградба е во тек. Велешкиот храм на лик ќе биде по пример на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта- струшко, и се гради со средства од МПЦ, донатори и верници.
Tweet |