речник контакт

Завршува санацијата на Спомен костурницата

Освен што ќе се заштити од продорите на вода, наскоро објекот ќе добие и струја

Петар Печков

Со втората фаза, која деновиве се изведува на Спомен костурницата во Велес, завршуваат заштитни  работи на овој објект.  Се отстранува стариот материјал од површината а потоа се нанесува нов слој. Тој ќе обезбеди  трајна хидроизолација која ќе спречи протекување на вода во внатрешноста на овој историски споменик, за борците и жртвите во НОБ.   

 Се врши препокривање на Спомен костурницата, откако лани ја завршивме првата фаза. Со овој зафат очекуваме дека во наредниот период. ќе го заштитиме објектот од  прокиснување  а со тоа и на оштетувањето на мозаикот, дело на Петар Мезев.  Со ова  завршува проектот за заштита на надворешниот дел на ова спомен обележје.  Останува до година напролет, коа ќе биде потопло, да се избели внатрешноста и се отстранат флеките од водата која навлегуваше  - рече Марин Клифов од Народниот музеј во Велес, раководител на објектот.

Градежните работи ги изведува скопската фирма Синтек, која доколку временските услови бидат поволни, без врнежи, би завршила со работите до крајот на   годинава.  Санацијата се врши на површина од 900 м2. Водата која преку мали, ситни отвори преку годините влегувала во кровот, од зимата и ниските температури го разјадувала материјалот, доаѓало до  оштетување и до создавање на поголеми процепи.

Втората фаза, според градежните позиции опфаќа пескарење, заштита од антикорозив. Потоа се поствува бел цемент и специјален филц, кои се водо непрооусен. Хидро изолациски тоа е перфектно за објектот, оти  тоа е голема површина а без многу оптоварувања со товари. Тоа е лесен материјал а полезен за кави површини. Пигментацијата на  заштита на хидроизолацијата е бела боја ќе биде  прекриена целосно  со што ќе бидат избришани сите пораки на кровот од објектот - рече    Сашо Варсамовски од фирмата Синтек.

 Тие минатата година, во овој период ги изведоа заштитените работи од првата фаза.   Средствата за санацијата на кровот се обезбедени преку Министерството за култура.  

Во тек е отстранување на дефектот на напојувањето со електрична енергија за Спомен костурницата. Штипската фирма, која ги изведува работите, го пронашла дефектот, кој со години го остави објектот без струја. Наскоро се најавува дека по деценија и повеќе Спомен костурницата повторно да светне.  Локалана власт одамна најави дека што ќе завршат градежните активности, ќе започне д се уредуваат зеленети површини, да се поставува нова мрежа за полевање  на зеленилото.  

Спомен Костурницата  е изградена 1979-та година и е дело на авторите   академскиот вајар Љубомир Денковиќ и архитектoт Саво Суботин од Нови Сад- Војводина. Во специјален простор во Костурницата  се чуваат и посмртните останки на 100-ната паднатите борци од НОБ, меѓу нив и на поетот и револуционер Кочо Рацин.   Спомен костурницата беше санирана 2003-тата година за што беа потрошени сто илјади евра,  изведувач  беше Градежниот институт од Скопје. Но не цела година по тоа, кровот  повторно прокисна, иако гаранцијата на изведувачките работи беше две години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »