Петар Печков
Објавено: недела, 09 јули 2006
Заводот за здравствена заштита од Велес ги изнесе податоците од степенот на загаденоста на водите од рекреативните центри во околината на градот, кои излетниците ги користат како освежување во овој летен период. Со испитувањето се опфатени четири центри, реките Вардар, Тополка и Бабуна како и езерото Младост. Според податоците од испитаните примероци за рекреација и капење може да се користат езерото Младост и реката Бабуна, се до вливот во реката Вардар. За разлика од нив, реката Вардар од влезот во Велес кај Башино село па се до излезот кај фабриката за вештачко ѓубре ХИВ не се за капење, наводнување на земјоделски површини или напојување на стока, поради високиот степен на загаденост.
Tweet |