Аница Солева
Објавено: вторник, 16 октомври 2007
Македонската мега ѕвезда Тоше Проески утринава загина во сообраќајна несреќа во Хрватска. Според хрватските медиуми несреќата се случила утрово во 6 часот и 30 минути на патот кај границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.
Тоше Проески не возел туку бил на совозачкото седиште. Тоше бил во Хрватска за да гостува на телевизиско шоу и да снима спот.
„26-годишниот Тоше Проески загина утринава во 6 часот и 30 минути на автопатот А3, 170 километри источно од Загреб кај Нова Градишка. Засега според првичните информации Тоше, неговата менаџерка Лилјана и Ѓорѓе Ѓорѓески-возач, биле во „Фолксваген Туарег“ со македонски регистарски таблички. Возачот Ѓорѓески заспал додека возел и така, наводно, удрил во камион кој се движел пред нив. Тоше бил совозач и наводно спиел, на место загинал. Менаџерката Лилјана и возачот се во тешка состојба и се наоѓаат во болницата во Нова Градишка“, изјави Антонија Мандиќ, репортер на РТЛ Хрватска.
Хрватското МВР ја потврди несреќата. Иако не сакаа да соопштат имиња, тие потврдија дека џип „Туарег“ со македонски таблици удрил во камион. На самото место починал 26-годишниот Тоше Проески.
„Утринава во шест часот и 25 минути на автопатот кај Нова Градишка, 170 километри оддалечено од Загреб се случи сообраќајна несреќа. 32-годишен државјанин на Република Македонија управувал со автомобил марка „Туарег“ со македонски регистарски таблички. Во истото возило се наоѓале 26-годишно момче и 49-годишна жена, исто така државјани на РМ. Најверојатно поради непочитување на сообраќајните прописи, односно недоволна оддалеченост од возилото, автомобилот удрил во задниот дел во приколката на товарен камион со италијански регистарски таблички. Во несреќата, за жал, загина 26-годишното момче државјанин на РМ, а сопатниците во возилото со телесни повреди, се пренесени во болницата во Нова Градишка“, изјави портпарол на МВР во Хрватска.
Владата на Република Македонија на денешната седница ќе го прогласи 17 октомври среда, за ден на жалост, поради загинувањето на Тоше Проески.
Премиерот Никола Груевски ги задолжи Министерството за надворешни работи и Државниот протокол заедно со семејството на Проески да ги организира сите детали околу преносот на посмртните останки на Тоше.
Воедно, премиерот Груевски упати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески.
Владата најави дека на денот на погребот ќе одржи комеморативна седница, а се понуди и да ја организира погребната церемонија.
Македонија тагува. Загуби едно од своите најголеми добра и своето најмило чедо. Тоше Проески беше во срцата на многумина.
Извор: А1

Tweet |