Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 октомври 2012
Италијанецот Мауро Лоренти,реномираниот автор од издавачката куќа Бонели, цртач на ликот на Загор беше гостин на Стрип салонот кој се одржува во Велес. Цртачот на јунакот со кој израснаа многу генерации е гостин во Македонија, што е вистинска реткост за присуство на ваков уметник во овие краишта. Тој веќе 20 години го оживува ликот на легендарниот стрип јунак Загор, Лоренти е дел од екипата на 20 цртачи кои учествуваат во создавањето на ликовите а негова обврска е исклучиво цртањето на главниот јунак Загор.
Прво го читам сценариото за да знам што треба да доловам. Потоа работам дневно, ги читам и цртам сцените со молив, за на крајот да заокружам и го обојам. Цртањето е инспирација не е машина да се работи на норма. Затоа работам веднаш кога ќе ми дојде визуелизација на сценариото, и најмногу до една и пол страница на ден – објаснува Лоренти.
Тој црта во неговото студио во Рим, кое е сместено во неговиот дом и потоа цртежите ги праќа во Милано каде е седиштето на издавачката куќа Бонели. За да ја збогати неговата имагинација гледа многу филмови, многу чита, гледа во околината, бидејќи ќе му треба идеја за да може што подобро да го илустрира неговиот јунак, да не се повторува. Од секаде зема по нешто, краде по малку за да создаде слика. Загор започнал да го црта во 1993 –та.
Пред да започне да го работи него, работел на цртани филмови. Серџо Бонели авторот на Загор, ги имал видено неговите цртежи и побарал од него да го црта овој јунак , нацртал трејлер, по што бил поканет да го работи Загор, бидејќи сопственикот на издавачката куќа сметал Лоренти дека може да внесе свежина, да го поднови, подмлади јунакот и внесе свежа крв во него. Цртаниот јунак и неговиот верен пријател Чико, кој во неволја му го чува грбот се екстремно популарни на Балканот. Турците дури снимиле и два филма.
Загор е многу популарен во Европа. Надвор од неа во Аргентина и Бразил. Во Европа освен во Италија е читан посебно на Балканот, во Хрватска, Србија, Турција, Грција. Се надевам дека тој ќе биде бесмртен и читан од многу идни генерации. Лани се славеа 50 години од создавањето на Загор. Економската криза го зафати и стрипот, порано повеќе се продаваше, сега тиражите се во опаѓање – вели Лоренти. Тој освен Загор го работи и јунакот Дамфир, човекот борец против врколаците, кој е роден во Хрватска и заедно со неговата девојка се борат против овие суштества. Можеби популарноста не е така висока во остатокот од светот поради тоа што се уште Загор не е екранизиран на големото платно, не е создаден блокбастер филмски хит. Нешто што на американците им успеа со Бетмен и Супемен.
Потешко е да се работи стрип јунак на филм, бидејќи во стрипот движењата се запрени, додека во филмот јунакот постојано е во движење. Во САД е полесно да се екранизира нивен јунак, каде филмската индустрија е подигната на високо ниво, додека Загор е интересен само за Европа. Американците им успеа и ја продадоа и Кока Кола на цел свет. Но и покрај се Загор им две екранизации и тоа во Турција, таму овој јунак оживеал – објаснува цртачот Мауро. Тој има дипломирано на факултет за ликовна уметност, има 55 години и најавува дека се додека е жив ќе го црта Загор. Ги пренесува и неговите информации како овој лик настанал , кој ги има слушнато директно од авторот Бонели.
Загор е наследник, мешавина на Тарзан, Гордон Флеш, вестерн филмовите, додека неговиот верен пријател Чико е инспириран од Пајо Паторот и затоа се толку сакани и популарни – вели Лоренти. Во Италија стрипот е уметност, индустрија од која живеат стотици семејства. Така издавачката куќа каде тој работи освен Загор и Дамфир, ги издава Дилан Дог, Командант Марк, Текс Вилер, Марти Мистерија и тие излегуваат еднаш месечно, а цената на еден стрип е три евра поединечно. Знае дека Загор е многу популарен и во Македонија, но дека се увезува со превод од хрватски или српски, нема на македонски. Воодушевен е од Велес и неговата поставеност и архитектура, па може како инспирација некоја слика од градот да биде сместена во неговите стрипови за Загор или Дамфир.
Tweet |