Петар Печков
Објавено: петок, 30 октомври 2020
Нова загрижувачка бројка на позитивни со ковид-19 во велешко. Денес Центарот за јавно здравје Велес објави дека има 83 случаи и петмина оздравени.
Со ова има 338 активни случаи а досега во велешко имало 720 заразени. Од активните, 35 се на Инфективно одделение, 298 на домашно лекување, две родилки се во ГАК Скопје и тројца велешани се на приватните клиники во Скопје.
Попладнево на Инфективно одделение има хоспитализирано 44 пациенти, 38 се потврдено позитивни и шестмина сомнителни, се чекаат резултати од земен брис.
Tweet |