речник контакт

Загубата во ЈКП Дервен е резултат на одлуката на Советот од 2018 за намалување на цените на ѓубрарината, кажа директорот Наунчев

За овој период се зголемија трошоците на работа, за струја, гориво, минимална плата а цената на услугите на ЈКП Дерен останеле исти

Петар Печков

Откако за првите девет месеци  од минатата година, ЈКП Дервен забележа загуба од 40 милиони денари,  на последната седница на Советот,  директорот на ЈКП Дерен Горан Наунчев ги соопшти неговите видувања, зошто ова јавно претпријатие е во толкав долг. Тој причината ја гледа во донесената одлука на Советот од 2018 година, кога биле намалени цените на собирање на комуналниот отпад. На претходните седници советниците загубата и лошите резултати ги припишаа на лошото работење и превработеноста. 

„Во 2013 година   ЈКП Дервен има  1,8 милиони добивка, во 2014 година  6 милиони, во    2016-та  14 милиони    Во 2018  се јавува загуба од 15 милиони денари која продолжува до 2022 година.  За 9 месеци лани  е 40 милиони. Ако одбиеме 20 милиони за сметки за струја, 3 милиони за нафта за огрев, 7 милиони за плата, 3 милиони нафта за превоз, или ЈКП Дервен е во минус 12 милиони  денари“- кажа Наунчев.

Тој потенцираше одлуката на Советот до 2018 година кога биле намалени цените за собирање на смет.

„Со одлука на Советот од 2018 се влијаело за пад на ЈКП Дервен  Донесена е одлука, со која ЈКП Дервен почнува да пропаѓа а општината да биде со пониски трошоци кон Дервен. Изгласано  да се намали цената поточно  собирањето на сметот да се пресметува од метар квадратен во метар кубен, која е во полза само на малите и средни претпријатија во општината. Ако требало да плаќаат 10 илјади денари, плаќаат две илјади денари. Таа година, откако претходно бележи добивка,  се јавува загуба кај ЈКП Дервен  од 15 милиони денари. Во село Чолошево, три месеци пред избори е пуштена вода, за која никој не ја евидентирал дека се троши, немало водомери. Загуби на вода има и во други населби“ - вели Наунчев.

За состојбите во ЈКП Дервен зборуваше и градоначалникот Марко Колев. Тој за ова ги презентираше податоците од тоа колку ЈКП Дерен плаќал на годините наназад за струја, за  гориво, исплаќал плати.

„За да се надмине состојбата во Дервен побарав да се штеди максимално, гориво за затоплување,   да се штеди струја, да нема вработувања во овој период во ЈКП  Дервен и бројката од 350 да се намалува.  Се работи на рационализација, човечките ресурси да се распределат за да нема нови вработувања. Насоката е РЕ паркови и зеленило и водовод и канализација да функционираат како една работна единица. Во  2019 биле  356 вработени. во 2020 -339 во   2021 -332 деновиве се 354. Овој број ќе паѓа бидејќи се очекува да има пензионирање на вработени.  Во наредниот период возниот парк ќе се обнови. Ќе купиме минимум две, максимум четири машини, со што ќе се подобри хигиената во градот. Потрошена електрична енергија во   2021 година  биле  1.219.554 киловати   за што се платени 8,040 милиони  денари, во    2022  потрошени се 1.174. 638  а платени    28 милиони денари за струја  или 20 милиони денари за една година повеќе. Само за споредба во 2018-та биле платени  5,8 милиони за струја.  

А вода мора да имаат, пумпите мора да работат,  филтерна мора да работи, фрижидерите  за  капелата за починатите во Раштани мора да работат. Тие се најголеми потрошувачи на електрична енергија.  Затоа на нив ќе се поставуваат фотоволтаици. 

Сметките за гориво . Во 2018 потрошени  се 30.473 литри, во  2019 -33.974 литри, во 2020   24.007 литри, во  2021 45.956 литри, и во  2022 –17.317 литри.  

Во 2018 за гориво за камиони за собирање смет потрошено  108  илјади литри, за што е платено 5,6 милиони денари,  во 2019 - 118 илјади литри, платено – 6,1 милиони, во 2020 -120 илјади   платено 5,3 милиони, во  2021 потрошено  121 илјади литри,  платено 6 милиони и во 2022 година  120 илјади литри,  платено 9,1 милиони денари.  

Нов трошок се зголемува минималнат плата. Во  2018 12 илјади  просечна плата за која се исплатени  93 милиони денари,  во 2020 минимална плата 15 илјади - исплатени  113 милиони, во  2022 година  минимална плата 18 илјади -исплатени  127 милиони денари“ - кажа Колев.

Потенцираше дека сиве овие години трошоците за работа се зголемуваат а цената на услугите останува непроменета.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »