речник контакт

Заев - за овие две и пол години ја донесовме слободата и демократијата во заработената држава

Граѓанска трибина на коалицијата на СДСМ „Можеме“ Во велешко досега добиле 9.964 лица платежни картички од по девет илјади денари, 3,6 илјади работници добиле минимална плата од фирмите, преку средства од државата. СДСМ најави „недела неработен ден за секого“

Петар Печков

Вечера вечер во амфитеатарот на Младинскиот парк, се одржа граѓанска трибина на коалицијата на СДСМ „Можеме“ за претстојни парламентари избори, кои ќе се одржат на 15-ти јули. Почитувајќи ги препораките за држење растојание, бројот на присутни на локацијата беше редуциран. 

Кандидатот од Велес,  Ненад Коциќ  зборуваше дека има лекови за сите пациенти, реновирани биле  здравствени установи,  обезбедени биле повисоки плати во здравството.   

Лекови на рецепт има преку цел месец, а не како во времето на претходниците во првите неколку дена . Тоа е огромна придобивка за пациентите. Изминатите две години реновирани се зградата на Здравствен дом и итната помош и Болницата.   Здравствените работници имаат повисоки пати до 15 до 40 отсто.  Обезбедени  се плати за специјализантите така ги задржуваме докторите во земјава, да не бегаат во странство. Како екологист морам да го кажам и решавањето на родот со згурата, резултат на работата на Топилницата. Доделена е концесијата и концесионерот излезе со информација дека  започна и првите камиони се испорачани во странство. Со тоа е започнат процесот на дислокација, нешто што баравме со години.  Поради затворањето ан границите, процесот е прекинат. - рече Коциќ. 

Носителката на Изборна единица „3“ на коалицијата „Можеме“ Јагода Шахпаска, говореше за социјалната реформа, која како досегашен пратеник во републичкото собрание, помогнала да се спроведе.  Најави зголемување на опфатот на деца од претшколска возраст во градинките, продолжување на реновирањето на детските градинки а досега тоа го сториле за 43, продолжение на нови вработувања на нови негувателки  и воспитувачки на деца во градинките,  како и пораст на платите на овие вработени. 

Донесовме либерален закон за абортусот, право со кое жената одлучува кога ќе раѓа - рече Шахпаска. 

Генерален секретар  на СДСМ и носител на листа на ИЕ  Љупчо Николовски ги праша велешани:

Дали го изгубивте македонскиот јазик,  дали го изгубивте македонскиот идентитет,  со Преспанскиот договор ? Не, тоа го има само во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ каде сме со свиткан `рбет. Мојата цел е да ги вратиме младите тука, назад. Младите повеќе не заминуваат и не ја напуштаат земјата.  Гледаат дека многу работи се променети.   Истокот е регион каде се градат три  магистрални патишта - кажа Николовски.  

Тој ако добијат нов мандат,  ја најави мерката,  „денот недела неработен ден за секого, ден за семејството“.  Соопшти дека во велешко досега добиле 9.964 лица  платежни картички од по девет илјади денари, 3,6 илјади работници добиле минимална плата од фирмите, преку средства од  државата,   116 фирми добиле кредити преку развојната банка. 

„Досега 10 милиони евра се вратени кај граѓаните преку проектот „Мој ДДВ“ со кои граѓаните се инспектори.  Се трудиме парите да ги вратиме кај граѓаните а не да се изнесуваат во Белизе“ дополни Николовски.

Зоран Заев претседател на СДСМ потсети што досега сработиле и најави некои од проектите кои ги планираат ако останат на власт.  

Го поразивме времето кога милијарди отидоа на жални врби, споменици, на барокни фасади од стиропор ,  кога се одземаа фирми, го победивме времето на страв и трепет, на закани и уцени,  времето кога не скара меѓусебно, но и со сите соседи.  Дали опонентите ви ветија НАТО и ЕУ? Не, оти се завршени цели.   За овие две и пол години ја донесовме слободата и демократијата во заработената држава. Добивме имотен лист, за тоа што се бореа нашите револуционери, да добиеме своја сопствена земја, не оспорена од никого, признаена од целиот свет.  Сега е до нас, ќе одиме по правиот пат, или ќе се вратиме назад.   Решивме големи прашања, светот ни се поклони. Дома ја воведовме евтината струја, враќаме пари од ДДВ, ја отпишавме радиодифузната такса. И пак имаше пари. За покачување на платите на просветните работници, покачување на платите на лекарите, медицинските сестри и болничкиот персонал, ја качивме капитацијата на приватното здравство,  на  негувателките и воспитачите во градинките, ги качивме пензиите. Најдовме пари за 300 отсто да ја качиме социјалната помош, воведовме државана социјална помош,  ги решивме финансиски стечајците. Има пари, само што не одат за споменици и музеи - рече лидерот на социјалдемократите Заев.    

Најави отпуштање на 20 отсто од  јавната администрација и 20 отсто од судиите и обвинителите, кривично гонење на овие  функционери и  раст на пензиите согласно растот на платите. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »