Петар Печков
Објавено: петок, 25 март 2022
Во Ликовниот салон во Велес, вчеравечер, четврток, беше отворена изложба „Симбиотикс“ на дела создадени од браќата Ангел и Филип Коруновски. На неа авторите се претставуваат со 40 дела работени во комбинирани сликарски и цртачки техники. Сите изработени на квадратни платна.
„Мотивот на делата и работата е дека треба да одговориме на времето во кое живееме, да го прикажеме тоа што го чувствуваме. Појдовна точка на изложбата е да го објасниме движењето. Мојот пристап е експресионистички и е акционо сликарство. Овие дела се искрени вистински, имаат во себе и агресија и љубов“ - кажа Ангел Коруновски.
„Заедничко на нашите дела е движењето, кое го прикажавме како две димензионално и во два простори. Брат ми има експресивен начин на работа јас работев со кратки потези, со кои сакав да постигнам треперења“- рече Филип Коруновски.
И двајца автори се завршени на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Промотор на изложбата беше театрологот и директор на велешкиот театар Сашо Димоски.
„Двајцата автори со нивните дела се ткаат во едно единство. Тие со оваа изложба создаваат синтеза на микроскопскиот наратив на Филип и деструктивниот пристап на Ангел. Синтезата на енергија во комбинацијата со бои, во кои се заробени апстрактните светови на авторите пулсира моќно“ - изјави промоторот Димоски.
Tweet |