речник контакт

Заедничка изложба на скулптури и графика во Велес

Авторите се од Скопје и Португалец

Петар Печков

Во Ликовен салон во Велес отворена е изложбата „Окупирани волумени“, заедничка на двајца автори Александар Ефтимовски од Скопје и Марио Лопеж од Португалија. Авторите се претставуваат со скулптури изработени од камен и челик  и со графики дело на Португалецот. Делата се создадени во Скопје изминатиот период, специјално за оваа изложба. 

„Изложбата спојува две култури, македонската и португалската, и претставување на моментални ликовни текови на скулптурата. Конкретна инспирација за моите дела не постои, постои ликовен тек, моментум кога авгорот создава, создава, се надоградува и продолжува во непознатото“ – рече Ефтовски. 
 
Александар на изложбата се претставува со осум скулптури, Лопеж седум графики и пет скулптури. 

„При престојот за магистратура во Јапонија, работев дела на камен, но и уметноста окиуве, печатење на дела со дрво, претходно изрезбано. Јас работам графика во црно бела техника,  како сенка.  Техниката е мошне лесна за учење.  Во моите техники јас повеќе истражувам кога работам. Така изработив скулптура од плута, бидејќи Португалија е голем изработувач и извозник на плута“ – рече Лопеж. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »