речник контакт

Заедничка соработка на општина Велес и италијанската Асколи Пичено

Општина Велес и општината Асколи Пичено потпишаа меморандум за соработка

Петар Печков

 Со цел да се забрза развојот на заедничките дејности, во Република Македонија  се отвори канцеларија на Националното здружение на градежни работници (ANCE) на Општината Асколи Пичено. За таа цел  денес во Велес се потпиша  Меморандумот за соработка помеѓу двете  општини. Со потпишувањето на овој документ се изразува поддршката што двете општини и ја даваат на оваа стопанска  соработка на градежните фирми.

 Двата документи потпишани во Италија, и овој тука во Велес, се солидна база за развој на градежните фирми од Македонија и Италија. Тој е почетен акт за развој на заеднички дејности и можност за инвестирање и унапредување на соработката - рече Горан Петров градоначалник на Велес Тој на гостите им ги понуди како можност за инвестирање трите индустриски зони, езерото Младост како туристички центар, винскиот пат и културното богатство на градот. Во Велес допатува бројна делегација од овој италијански град и регион.

 Дојдовме овде да градиме заедничка иднина. Со помош на нашите градежници, полесно ќе стигнете до ЕУ – порача претседавачот на Советот на оваа италијанска општина. Соработката помеѓу Велес и Асколи Пичено започна во јули годинава, по барање на италијанците.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »