Петар Печков
Објавено: среда, 29 мај 2024
Заврши реализацијата на проектот „Центар за социјална инклузија – заедно“, кој траеше една година. Во него беа вклучени членови од Здружението на пензионери, од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, лицата од социјалната услуга „Живеење со поддршка“ од двата мали групни дома од Велес и Башино Село, ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и средното хемиско „Димитрија Чуповски“ сите од Велес. Проектот нуди животен спој на лица од различни возрасни категории, но и социјални, и на лица со попречености.
„Проектот беше наменет за инклузија на старите лица од нашата општина. Направивме спој на старите лица, на лицата со попреченост и младите ученици од основно и средно образование. На околу 60 работилници учесниците од сите групи, беа дел од спортските активности, грнчарска, ликовна, поетска работилница, работилница за мотивација и животни вештини, мултикултурна. Реализиравме и летен камп во Охрид. Овој начин на дружење, на заедништво, на споделување, заедничко учење, се покажа во пракса дека тррба да продолжи. Но и да се прошири во други градови во Македонија“- кажа Далиборка Златева, носител на проектот.
Дел од изработените дела во ликовната и грнчарската работилница се изложени во просториите на Здружението. Летувањето во Охрид било во период од една седмица, во Извидничкиот центар, со еднодневна ексурзија до Св. Наум.
Проектот е финансиран од УНДП –МК и поддржан од Општина Велес.
Tweet |