Петар Печков
Објавено: вторник, 07 март 2023
Изминатиот викенд граѓанското здружениe КПС Азот од Велес, беше домаќин на колегите од неколку планинарски здруженија од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Гостите кои во Велес престојуваа три дена, беа од здруженијата „Тара“ од Бајина башта Србија, „Мајевица“ од БиХ, Националниот парк „Тара“ од Ужице и „Горшчица“ од Загреб Хрвтска.
„Соработката е во рамките на проект кој се однесува за подигање на свеста за одржување на планинарските патеки и нивно чистење. Проектот е именуван „Земи едно, не оставај ништо“ – кажа Тодорче Ѓорѓиев, претседател на КПС Азот.
Гостите при престојот во Велес, беа во посета на спомен куќите на Рацин, Главинов, Касапови и Џинот, на Народниот музеј - Велес. Во неделата се одржа заедничко планинарење од Ореше, преку Нежилово и Папрaдиште до Куртовица.
Tweet |