речник контакт

Заедно можеме

Преку дружење, музика, традиција, храна младите од велешко покажаа дека сите се еднакви и заедно можат да градат подобра иднина.

Петар Печков

Преку дружење, музика, традиција, храна  младите од велешко покажаа дека сите се еднакви и заедно можат да градат подобра иднина. Ова беше завршницата на неколкумесечниот проект "Заедно можеме", која се реализираше преку повеќе настани. Последниот беше претставување на  етно занаетите, храната, народната носија. Посетителите може а да се запознаат со храната која на секоја заедница  има свои специфики, занаетите кои  имаат белег  оти биле карактеристика за етничка  заедница,  со народната носија стара со стотина години.

Целта е толерантност, соживот, хуманост  помеѓу различни етнички заедници кои живеат во локалната заедница.  Се промовираа албанската, турската, ромската и влашката заедница од велешко.  Пронаоѓање на начин за соработка и комуникација,  подигање на довербата  помеѓу луѓето, поттикнуваме соживот запознавајќи ги традицијата, националната кујна и занаетите на различните етнички заедници. Се надевам дека успеавме и на граѓаните им понудивме работи кои не ги знаеја а не зближуваат– вели Весна Митева координатор на проектот кој се спроведе преку ,,Здружение за граѓански и демократски права 46664,, а беше финансиран од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »