речник контакт

Заедно со ЕУ работиме на електронска даночна администрација, кажа Лукаревска

Душко Петров: по влезот во НАТО инвестициите во некои земји пораснаа неколку пати

Петар Печков

Наш интерес е економски силна држава, која ќе донесе подобра иднина за сите нас. Македонија припаѓа на ЕУ, сакаме повисок животен стандард, сакаме граѓаните да остваруваат поголеми приходи, поголеми инвестиции, кои ќе донесат нови работни места. Ова беше кажани од страна на   Сања Лукаревски директорка на УЈП и Ѓоко Танаскоски директор на Царинска управа, по нивната посета на Велес.  

Да градиме партнерски однос, заеднички да допринесеме кон натамошен развој на бизнис климата, да се бориме против корупцијата и сивата економија, да отпочинеме да ги живееме европските вредности.  Македонија, сите ние го заслужуваме членството во ЕУ и во НАТО, затоа што таму припаѓаме.  Заедно со нашиот партнер ЕУ  работиме на даночните реформи, која е главен донор на капиталните проекти, кои веќе се реализираат и ќе се реализираат во следните четири години.   Со најавената поддршка од шест милиони евра, преку ИПА 2 програмата и шест милиони евра од Буџетот на РМ, треба да се реализираат нашите приоритети за воспоставување на  електронска даночна администрација, автоматизација на работните процеси и развој на дигиталните даночни услуги. Во фокусот на нашите реформи е граѓанинот, бизнисот, даночниот обврзник пред се. Создавање на фер услови  на пазарот и фер оданочување. данок ниту повеќе ниту помалку кажаа во заедничката изјава за медиумите    Сања Лукаревски директорка на УЈП  и Ѓоко Танаскоски директор на Царинска управа.

На одвоена прес конференција Душко Петров, претседателот на правен сектор во ОО на СДСМ Велес повика да се излезе на 30-ти септември на референдумот за Македонија да биде на мапата на безбедни и сигурни бизнис дестинации. 

Со нашиот влез во Алијансата би се отвориле и границите за домашниот бизнис. Тоа значи подобрување на состојбите во економијата, кои позитивно ќе се одразат и на животниот стандард на Македонските граѓани. Интеграцијата во НАТО има позитивно влијание врз развојот на инфраструктурата, нови патишта, железници, комуникациски и енергетски системи - рече Петров. 

Тој ги посочи примерите на неколку земји кои по членството во НАТО забележале силен раст на инвестициите.   Црна Гора за една година забележала двоен раст на инвестициите, од 96 милиони евра на 215 милиони евра во 2018 година. Во Бугарија инвестициите  за една година пораснале за цели 36% - од 7,5 на 11,5 милијарди евра  Тројно зголемување на инвестициите се случило во Естонија, по влезот во Алијансата. Од 775 милиони евра инвестициите пораснувале на 2 милијарди евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »