речник контакт

Заинтересирани за хотелот Вила Зора да биде старечки дом има, но нема повратна информација од нив

Потребни се големи инфраструктурни вложувања ако се реши некој да го работи објектот за намена старечки дом

Петар Печков

Што се случува со поранешниот Хотел „Вила Зора“ кои е празен и неискористен, праша советникот Игор Смилев, на последната седница на Советот, на првата точка советнички прашања.  Велес е еден од малкуте поголеми градови во Македонија, наспроти големата потреба, кој нема  старечки дом.

„Имаше некои луѓе заинтересирани, објектот да биде старечки дом. И тоа преку јавно -приватно партнерство. Потенцијално заинтересираните беа таму, го посетија заедно со стручните служби. Добија податоци кои им беа потребни. Повратно нема никаква информација, какви се нивните размислувања. Потребни се поголеми инфраструктурни вложувања ако се реши некој да го работи за намена старечки дом, бидејќи од Министерството за труд и социјална политика има прописи за големина на собите. Заинтересирани се наши сограѓани, потоа лица од државава, но и наши сограѓани кои живеат во странство и имаат сличен бизнис“ - кажа градоначалникот Марко Колев.   

Претходната локална власт дури и распиша повик за продажба, но во двата обида не се продаде делот од поранешниот Хотел „Вила Зора“, површина која е во сопственост на Општина Велес. Почетната цена беше  70,57 милиони денари, во вториот обид намалена за 10 отсто а на продажба се нудеа 2,7 илјади м2. Сега просторот кој е на Општина Велес,  се нуди на закуп.

Државата нејзиниот дел од поранешниот хотел, го отстапи на користење на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, кој во просториите го смести Технолошко -техничкиот факултет со седиште во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »