Петар Печков
Објавено: петок, 08 март 2019
Рамноправни, но само на зборови. Така доброволците го коментираа присуството на само шест девојки, во редовите на АРМ кои денес на 8-ми март денот на жената, положија заклетва. Половината од нив се мајки со деца, кои следните три месеци ќе бидат грижа на татковците. А вкупно заклетва дадоа 86 припадници во 37-та генерација на војници кои доброволно отслужуваат воен рок, во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,,.
Сите членови од машкиот пол во семејството имаат служено војска и тоа беше предизвик за мене да ја продолжам таа традиција. Сакав да го искусам тоа што тие го искусиле. За овие неколку дена иако е тешко, но е ново прекрасно искуство, да се научи на ред, дисциплина. Овде сите сме исти, се поддржуваме меѓусебно, нема разлика на пол, националност. Запознав нови луѓе, командири, задоволна сум - рече Александра Јакимова од Скопје. Меѓу припадниците на АРМ беше и кајакарскиот репрезентативиц Енис Небиоски. Тој наместо на патеката, следините месеци ќе ги посвети на воените вештини.
Војска како професионални војници имам двајца постари колеги. И јас решив да одам по нивниот пат да отслужам војска, да бидам професионален војник. А кајакот може да паузира некој месец, имам само 19 години и ќе продолжам со овој спорт - рече Небиоски.
Да се носи униформата е гордост, привилегија и одговорност, хуманост и пожртвуваност. Пример за ова е неодамнешната автобуска несреќа кај село Ласкарци , каде четворица наши војници од армијата применувајќи ги стекнатите вештини и знаења, со храброст и лично залагање навремено укажаа помош и навремено извлекуваа од настраданите. Ова не е единствен пример. Нашите припадници се тука и во шумските пожари, поплавите и други непогоди. Горди сме што имаме вакви припадници - рече генерал мајор Асем Нуредин, заменик началник на Генералштаб.
Tweet |