речник контакт

Заклетва даде 38-та генерација војници, доброволци (фото)

Свечена заклетва положија 45 доброволци, меѓу нив и шест девојки

Петар Печков

Генерацијата на војници доброволци во редовите на АРСМ денес даде свечена заклетва во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман. Тоа беше јулската класа, во која имаше 45 војници од нив шест девојки. 

Триесет и осмата генерација доброволци во следните три месеци  ќе ги стекнува знаењата и вештините во воената обука.  Сите војници кои доброволни го завршуваат воениот рок, се база за натамошен избор за кандидати за идни професионални војници во редовите на Армијата.

Млади војници, вие како и многу други пред вас, пред Вашите родители, роднини  на свечен начин се заколнавте дека   ќе ги извршувате должностите како бранители на слободата и независноста на својата татковина.  Во идниот период  на обука, ќе се соочите со многу предизвици но со помош на вашите старешини  кои максимално ќе се залагаат да ви ги пренесат знаењата, искуствата и вештини.  Со совесно и дисциплинирано однесување треба да придонесете на градењето цврсти меѓучовечки и меѓуетнички односи, различностите се наша традиција  кое не одржува со векови- порача  - потполковник Мухамед Ибраими, командант на Центар за индивидуална  обука. 

Поради високите температури за прв пат заклетвата се даваше во затворена просторија, во војничкиот клуб.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »