речник контакт

Закупецот на Градски базен, ослободен од плаќање кирија, согласно вложените средства за реконструкција на објектот

Закупецот вложил 2,7 милиони денари и се ослободува од плаќање кирија за три години

Петар Печков

Советот на Општина Велес, на седницата одржана во средата донесе одлука  за ослободување од плаќање закупнина за објект сопственост на Општина Велес  -Градски базен.

Со оваа одлука се изврши  ослободување од плаќање закупнина на Друштво за производство, трговија и услуги ПН-МП ТРЕНД ДООЕЛ експорт-импорт Велес,  како закупец на Градскиот  базен, во рок од 3 години.  Инвестиција на закупецот изнесувала  2.343.220 денари плус  ДДВ 421.779,60, или вкупно 2.764.999,60 денари.

Согласно одлуката која Советот ја донесе, имав обврска да формирам комисија, која ќе ги следи вложувањата кои закупецот ги исврши на објектот.  Комисијата изврши увид, стручно професионално и потребно е концесионерот да го ослободиме од плаќање на закупнина, во сооднос со вложените средства - кажа градоначалникот Коцевски.  

Во однос на утврдената месечна закупнина постигната на јавното наддавање од 61 илјада денари, а согласно член 6 од Одлуката со бр. 25-2226/1 03.06.2019 година донесена од Советот на Општина Велес,за ослободување од плаќање на закуп, утврдено е дека согласно вложеното, закупецот се ослободува од плаќање на закупнина за времетраење на закупот од период од три  години, односно за вкупното време на траење на закупот, пишува во одлуката која ја донесе Советот.

Од направените пресметување и анализа на доставените предмет-пресметки, фактури и други  уплати извршени од стана на закупецот, комисијата формирана од Општина Велес, утврдила дека според вредноста на вложеното и постигнатата месечна закупнина, постои можност закупецот да биде ослободен од плаќањето на закупнината за целото време на траење, односно за период од три години.

Против оваа одлука гласаа советниците од ВМРО-ДПМНE оти во документацијата закупецот не ги доставил и фактурите од вложувањата, за  што владејачкото мнозинство го задолжи да го стори во следните денови и ја изгласа одлуката. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »