Петар Печков
Објавено: среда, 20 април 2022
Државните претставници смируваат состојбата со маслото за јадење е стабилна, од велешка Маслодајна додаваат дека е зголемена побарувачка но тие ги испорачуваат бараните количества а во пракса и натаму празни се рафтовите за зејтин во маркетите.
„Од утре, задутре ќе има доволно масло за јадење по рафтовите. И граѓаните и другите потрошувачи не треба непотребно да прават залихи, бидејќи може да се наруши пазарот во одредени моменти, како што беше неколку дена претходно. Мислам дека граѓаните направија залихи, се снабдија со количества кои ги сметаат дека се доволни“- кажа Крешник Бектеши, министер за економија при посетата на велешка Маслодајна.
Велешкиот производител, како единствен во земјава, кој произведува зејтин од сончогледово семе, во заокружен производен процес четири години бара начин да го врати сончогледот по македонските полиња. Тие со откупот на сончоглед можат да задоволат само 10 отсто од капацитетите за преработка.
„Ние сме увозно зависни. И затоа работиме на враќање на оваа индустриска култура по македонските полиња. Со неговото враќање освен земјоделците кои ќе имаат плодород, нема да се одлеваат девизи за купување или ан сончоглед или на сурово масло за јадење. Најлошо е во вакви кризи, кога зависиме од други, може да се случи да чекаме или бараме помош од трети држави. Но освен зголемените површни потребни се и поголеми приноси со современа обработка на земјата квалитетни семиња. Помина времето кога едно шише зејтин чинеше колку две пакувања на минерални води“ - кажа Горан Лазов директор на Маслодајна.
Владата донела две долгорочни мерки со цел враќање на сончогледот на македонските полиња и зголемување на интересот за негово одгледување.
„На вечеришта владина седница донесеа е одлука за повик за доделување на земјиште на поединци и компании, исклучиво за одгледување на сончоглед. Огласот е брз и се треба да заврши за еден месец. Втора мерка е субвенциите кои ги добиваат земјоделците, треба да имаат доказ дека целокупното производство што го оствариле, го предале на домашните капацитетите за преработка на маслото за јадење. Во склоп на ова е и одлуката за предвремено пуштање на системите за наводнување со цел да се фати ден повеќе за одгледување на житните но и други култури потребни за храна во земјава“ - кажа Љупчо Николовски, министер за земјоделие, кој исто така беше во посета на фабриката.
Заради заштита на сопственото производство, Владата на соседна Србија, денес одлучила да извезува во Македонија само на рафинирано масло за јадење во шишиња од по еден литар, не и сурово, како што очекуваа дел од производителите на масло од земјава.
Tweet |