Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 јануари 2013
Дванаесет женки на кучиња скитници се заловени во акцијата на Ветеринарната станица од Велес, две во петокот и десет, денес понеделник. Со ова донекаде се застана на пат на глутниците кучиња кои сееја страв по градските улици. Овие 12 примероци ќе останат во прифатилиштето една седмица, додека не биде завршен третманот на стерилизација, по што ќе бидат пуштени на слобода, инфомрираа од Ветеринарната станица.
Уловени се 12 кучки, оти толкав е капацитетот на новоизградените прифатилиштата. Потоа ќе се фатат нови женки, кои во овој период на парење, ги прибираат останатите мажјаци па се создаваат глутници. Тие претходната седмица нападнаа повеќемина велешани, но добрата вест е што ниту еден не е каснат.
Tweet |