Петар Печков
Објавено: вторник, 15 јануари 2019
Иако велешката полиција неодамна во превентивна акција ги запознаваше пензионерите, да не наседнуваат на измами со продажба евтино дрво, во петокот едно лице пријавиле дека е измамено.
Б.Т.(60) од Велес пријавил дека на 11.01.2019 година околу 12,00 часот во домот на пријавителот дошло непознато лице на возраст од околу 40 години и му понудило да му продаде огревни дрва по цена од 2.500 денари од кубик. Пријавителот се согласил да купи три метри кубни и заедно со лицето се упатиле кон местото каде што наводно требало да ги види дрвата. Лицето со изговор дека треба да го земе возилото заминал од местото на настанот и се вратил во домот на пријавителот и на неговата сопругата и рекол дека нејзиниот сопруг ги зел дрвата и побарал пари. Таа му дала 7.860 денари по што лицето си заминало- информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |