Петар Печков
Објавено: четврток, 15 декември 2016
Започнаа градежните работи за замена на старите салонитни цевки со азбест од водоводната мрежа, со нови. Проектот на Општина Велес, е финансиран преку Европската инвестициона банка опфаќа седум улици во градот.
Нови водоводни полиетиленски цевки ќе бидат поставени по должина на улиците: Васил Главинов, Партение Зографски, Мицко Козар, Титовоужичка, Игманска, Киро Ќучук и Гемиџиска. Вкупната вредност на проектот изнесува девет милиони денари.
Во оваа фаза на градежни работи, ќе се замени главната водоводна линија, а потоа ќе следуваат и приклучоците кон домовите.
Tweet |